НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Давидовиќ: Му дадов 300.000 евра на Кичеец за логистика, тоа не е мито

0
By Нова ТВ on July 1, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: rtcg.me
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Му дадов 300.000 евра на Кичеец уште кога Груевски беше премиер, но тоа не беше мито, туку за консалтинг, напиша црногорскиот бизнисмен Миоград Дака Давидовиќ во писмо до македонската јавност во кое го објаснува разговорот од објавената аудио снимка со Зоран Милевски на Јутјуб каналот „Раце лепливи“.

Српскиот бизнисмен Давидовиќ во отвореното писмо открива дека Кичеец се запознал кон крајот на 2016 година преку угледен белградски бизнисмен кој го претставил како сериозен деловен човек од Македонија кој може да му ја пружи потребната поддршка и логистика за деловни проекти кои сакал да ги реализира во земјава. Тогаш и му исплатил 300.000 евра кои се слушаат во објавениот разговор, а Кичеец за возврат требало да му обезбеди градежна дозвола за изградба на мини хидроцентрала и паркови за енергија од ветер на земјиште што Дака го поседувал во штипско.

„Со оглед дека во конкретниот случај се работеше за проект од повеќемилионска вредност, износот не беше несразмерен со толку голема вредност на проектот. Значи, медиумската квалификација дека се работи за мито е премногу насочена и пресметана, бидејќи во овој деловен однос не постои ниту еден елемент што би укажувал, а камоли одредувал наведена исплата како мито и корупција. Фактот дека наведените парични средства сум ги исплатил на Зоран Милевски во времето на владата на Никола Груевски, а не време во владата на Зоран Заев, исто така потврдува колку написите се невистинити, а над се со цел и монтирани“, пишува Дака.

Понатаму, бизнисменот вели дека Милевски не ги исполнл ветувањета и преземените обврски, а единствено што успеал е да му договори состанок со премиерот Заев, но и од него не произлегло ништо.

„Точно е дека на состанокот со премиерот Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови за енергија на ветер. Меѓутоа, соопштено ми беше дека сите концесии за овој вид дејност сè по повластени тарифи и веќе доделени, упатувајќи ме кај генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски да му проверам какви се плановите на Владата за идниот период, врзано за доделување нови концесии. Меѓутоа, ниту до денешен ден не добив информација која би укажала дека во иднина би можел да очекувам реализација на наведениот проект“, пишува Дака.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побараа Заев да каже што разговарал со Дака и го повикаа Јавното обвинителство да го истражи случајот.

Зоран Заев Зоран Милески-Кичеец Македонија Миоград Дака Давидовиќ писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.