НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поставени се шините за македонските преговори со Европската Унија

0
By Нова ТВ on July 2, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Европската Комисија ја претстави нацрт преговарачката рамка за Северна Mакедонија и за Албанија“. „Германија ќе направи сè за позитивни исчекори на двете земји до крајот на годината“, се само дел од насловите и акцентите издвоени во медиумите во регионот, по вчерашната вест дека Европската комисија ја усвоила предлог преговарачката рамка за земјата, пишува „Дојче Веле“.

Според неофицијални најави, во следните две седмици документот ќе се разгледува од земјите членки на Европската Унија кои треба да ја одобрат финалната верзија според која ќе се водат македонските преговори за членство во Унијата. Предлогот кој е изготвен од тимот на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се темели на новата, ревидирана, методологија за пристапување.

Важен чекор

Како што пренесоа од Брисел новинските агенции, Вархеји изјавил дека е во прашање „уште еден важен чекор на патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ“.

„Нашите предлози се засноваат на ревидираната методологија за проширувањето која ја претставивме во февруари оваа година, за да го направиме процесот на пристапување што покредибилен, подинамичен, попредвидлив, и со посилно политичко управување“, изјави Вархеји.

Комесарот за проширување очекува разговорите со земјите членки на ЕУ за преговарачките рамки да почнат „што поскоро“, и се надева дека „што поскоро“ ќе се одржат првите меѓувладини конференции со двете земји.

„Нивната иднина е во ЕУ и уверен сум дека ќе продолжат да ги исполнуваат реформите нa европскиот пат, како што тоа го правеа и досега“, истакна Вархеји.

Меѓувладина конференција до крајот на годината

Ревидираната методологија се очекува да биде помотивирачка за земјите кои влегуваат во преговарачкиот процес, со оглед дека застојот или назадувањето ќе биде соочено со реверзибилност на процесот, доколку земјата кандидатка не ги исполнува задачите. Откако сите членки на ЕУ ќе се согласат со текстот на преговарачката рамка, претседателство со Советот на ЕУ ќе ја претстави таа усогласена позиција на Унијата на првата меѓувладина конференција, со што ќе се означи и формалниот почеток на преговарачкиот процес.

Германија, која од 1 јули го презеде претседавањето со Советот на ЕУ, се надева дека тоа ќе се случи за време на нејзиното претседавање.

„За нас е важен фактот дека за време на хрватското претседателство се донесе одлука за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Ние сакаме да се надоврземе на таа одлука и би инсистирале за време на нашето претседавање со Советот да се одржат меѓувладините конференции со двете земји“, изјавил шефот на германската дипломатија Хајко Мас на вчерашната прес-конференција.

Официјален Берлин укажува на важноста што ќе ја има продолжувањето на реформите и јакнењето на владеењето на правото, зa секој следен чекор на земјите од Западен Балкан на патот кон евроинтеграцијата.

Македонскиот јазик во ЕУ

Она што најмногу го привлече вниманието е враќањето на македонскиот јазик во документите на Унијата, без никакви дополнителни објаснувања или фусноти.

Како што објави вчера „360 степени“, во предлог преговарачката рамка што ја усвои Европската комисија пишува дека Северна Македонија ќе мора да го преведе заедничкото европско право на македонски (Macedonian) пред официјалното зачленување во ЕУ, што е чин на признавање и прв чекор кон промоција на македонскиот во иден официјален јазик на Унијата

Медиумот потсетува дека терминот „македонски јазик“ (Macedonian language последен пат може да се сретне во документ на Европската Унија во далечната 2005 година. Потоа терминот македонски јазик исчезнува од документите на ЕК и на ЕУ, за повторно да се појави во вчерашната предлог преговарачка рамка за Северна Македонија што ја усвои Европската комисија.

Европска комисија Македонија Нацрт верзија Преговарачка рамка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.