САД се прва земја во светот по бројот на заразени и починати од новиот коронавирус, а извештаите покажуваат за преку 50.000 новозаболени лица веќе трет ден по ред. Вчера во земјата, според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, се регистрирани 51.482 позитивни случаи.
Досега во САД се инфицирани 2.890.588 милиони луѓе, а 132.101 лице починаа како директна или индиректна последица од вирусот.