Шест починати пациенти, 147 новоинфицирани и 111 оздравени е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.296 тестирања со позитивен наод кај 64 лица во Скопје, 16 во Тетово, девет во Гостивар, осум во Куманово, по седум во Свети Николе и во Струга, шест во Штип. по пет во Велес, во Охрид, по четири во Битола, во Кичево и во Ресен, три во Прилеп и по едно лице во Струмица, во Крива Паланка, во Кочани, во Пробиштип и во Кратово.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 111 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 56, од Штип – 7, од Тетово – 36, од Велес – 2, од Битола – 3, од Гостивар – 1, од Гевгелија – 2, од Струмица – 1, од Свети Николе – 1 и од Ресен – 2.
Во последните 24 се регистрирани шест смртни случаи кај тројца пациенти од Скопје и по еден од Куманово, од Штип и од Берово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 63 години, во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 59 години, односно 63 години и еден пациент од Штип на возраст од 36 години. во болницата во Штип почина пациент од Берово на возраст од 69 години, а во Куманово пациент на возраст од 78 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.611. Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 3.343, активни 1.987
Куманово – 793, активни 240
Дебар – 103, активни 51
Штип – 371, активни 158
Прилеп – 277, активни 51
Тетово – 758, активни 385
Струга – 252, активни 154
Велес – 194, активни 43
Битола – 61, активни 22
Охрид – 195, активни 166
Кавадарци – 21, активни 15
Гостивар – 151, активни 91
Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 17, активни 9
Крива Паланка – 16, активни 10
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 7, активни 4
Кочани – 74, активни 21
Пробиштип – 25, активни 16
Демир Хисар – 2, активни 1
Македонски Брод – 6, активни 4
Пехчево – 6, активни 3
Берово – 3, активни 0
Валандово – 6, активни 2
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 5, активни 2
Свети Николе – 41, активни 36
Кичево – 44, активни 38
Ресен – 120, активни 93
Неготино – 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.296 теста се преку ИЈЗ – 585, преку „Авицена“ – 99, преку „Биотек“ – 75, преку МАНУ – 158, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 209, преку Судска медицина – 1, преку „Систина“ со PCR метода – 133 и преку ЦЈЗ Битола – 36. Досега во земјата се направени вкупно 66.133 тестирања на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени шест пациенти, вкупно се хоспитализирани 84. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и пет деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени 16 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 120 пациенти од кои шест се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти, а во болницата во Штип – 42. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 409
Аеродром – 150
Бутел – 162
Гази Баба – 189
Центар – 143
Карпош – 163
Сарај – 149
Кисела Вода – 109
Ѓорче Петров – 114
Студеничани – 110
Шуто Оризари – 86
Арачиново – 50
Илинден – 32
Петровец – 16
Чучер Сандево – 18
Сопиште – 14
Зелениково – 6
Странец – 2
Нераспределен – 65