Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андрикиене: Строго следете ги националните здравствени протоколи на денот на гласањето

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 11:45

Апел за строго следење на националните здравствени протоколи упати шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР,  Лаима Андрикиене, на една недела пред денот на гласањето на превремените парламентарни избори.

-Гласањето почнува уште в понеделник, така што имаме помалку од една недела до него. Во понеделник и вторник и потоа денот на гласањето е во среда. Сите кои живеете и работите во земјава строго следете ги националните здравствени протоколи. Тоа е дел од нашите животи сега и секако, знаете, целиот изборен процес, сите засегнати страни се обврзани да го прават истото, мислам изборната комисија, учесниците на овие избори и исто така набљудувачите, истакна таа во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа посочи дека во моментот не може да каже ништо во врска со изборите во земјава и оти се чека да се види излезноста на граѓаните.

-Да видиме каква ќе биде излезноста во вашата земја. Чекам да ја видам излезноста во Хрватска, тие имаа избори минатата недела и одѕивот беше 46 отсто, помалку од претходно, но тоа е добар процент на граѓани кои го искористиле правото на гласање. Во Србија излезноста беше нешто над 50 отсто, во Полска беше висока, тие имаа претседателски избори. Така што ајде да видиме каква ќе биде излезноста во Северна Македонија. Знаете не можам да кажам нешто повеќе во овој момент, но може да и посакам се најдобро на вашата земја и луѓето кои живеат тука, вели шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.

Нагласува дека во нормални околности, форматот на мисијата ќе беше изборна набљудувачка мисија со стотици долгорочни и краткорочни набљудувачи, но поради пандемијата со Ковид и здравствената состојба во светот, земјава и во регионот на ОБСЕ, ОДИХР требаше да се прилагоди на сегашната состојба.

-Мисиите испратени во различни земји за време на овој период, како на пример во Србија за нивните парламентарни избори, во Полска каде што имаше претседателски избори, вториот круг е на 12 јули во недела и во Северна Македонија форматот е специјална мисија за проценка на изборите. Тука во Македонија има девет членови, од девет земји членки на ОБСЕ. Нашите експерти и аналитичари покриваат бројни области меѓу кои изборната администрација, избирачки список, изборната кампања и финансирањето на кампањата, медиумското покривање на кампањата исто така и поплаките и механизмите за разрешување на несогласувањата и целосната правна рамка за изборниот процес, додава таа.

Андрикиене потенцира дека дополнително во нивниот мандат овој пат е детален медиумски мониторинг за целиот период на кампањата кој исто така ќе биде дел од нивната оценка на парламентарните избори.

избори ОБСЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.