Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд со времена мерка за запирање на плажите дивоградби во Охрид

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 21:37

Ќе куртулат ли дивите плажи и објекти долж Охридското Езеро ова лето? – Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на неодамна отпочнатите активности. Притоа е поведена и постапка за оценување на уставноста на Уредбата на владата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба и тоа само во делот на дополнувањето што се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга, изгласано на седница на 9 јуни. Таа ќе се решава по одморите, најрано во септември што значи дека оние закупувачи на простор, иако со истечени договори, веројатно ќе може да ја истуркаат и оваа летна сезона и покрај заложбите на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески дека теренските активности нема да запрат за локациите со истечени договори.

„Овој вид на Уредба нема врска со вонредна состојба. Тоа Владата може да си го спроведе со закон, а не со уредба со законска сила за време на вонредна состојба. Вакви уредби се дозволени само за оправдани цели, за нешто што има врска со сузбивањето и со борбата со коронавирусот, поради кој е прогласена вонредната состојба. Што има врска со Kовид-19  обврската на закупецот на плажа на кого му истекол договорот за закуп? – Уредбата треба да има врска со Kовид-19, а не со градежно земјиште“, велат за sdk.mk од Уставниот суд.

Забраната за отстранување на плажите и објектите што се сметаат за дивоградби ќе биде на сила до конечната одлука по поведената постапка. Владината одлука што Уставен ја замрзнува значеше закупецот да го врати земјиштето во првобитна состојба по истек или предвремен раскин на договорот за закуп, со што се забранува вршење на натамошна дејност.

За расчистување на просторот беа задолжени Државниот Пазарен Инспекторат и Управата за Јавни Приходи.

Времена мерка дивоградби Охрид плажи Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.