Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за филм:Дали главните улоги во новата драма на Манчевски ги толкуваат Костова, Пепељуговска и Тасева?

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2020 20:12

Дали клопчето се одмотува, сликата се заокружува, а расплетот се наѕира и може да се види како
Милчо Манчевски, кој со години наназад, шурувајќи со сите власти, извлекува милионски суми за
своите проекти, некогаш и надвор од редовен конкурс и се гледа неговата алчност и деструктивна
енергија, е прашањето што се поставува во соопштението на македонската Агенција за филм.

Неговите колеги, се вели во дописот, станаа против ваквите негови хајки, да врши притисок во вакви кревки кризни и предизборни времиња против Агенцијата за филм која подаде рака на филмските работници да си ги добијат навремено парите од завршените филмови на минатите конкурси.

„Дали исплашен, големиот Манчевски ја употреби сета своја лоби моќ, мислејќи дека можеби за него нема до остане од македонската каса во која треба да има за сите, а не само за неговите мегаломански идеи и почна да притиска по ходници во министерстото за култура, пријавил во Антикорупциска и по блиски нему медиуми (читај sdk.mk, каде за проверка на факти е задолжена неговиот биограф Марина Костова), „Еуроимаж“ (читај Тања Пепељуговска која го поддржала филмот), а нејзниниот сопруг, адвокатот на Милчо Манчевски, толкува за јавноста договори меѓу Агенцијата и продуцентите, како и Слаѓана Тасева која откако прочита во вкупно два медиума потрча да поднесе кривична пријава. Инаку агилната Тасева досега нема ниту еден решен случај?“, се наведува во реакцијата на Агенцијата за филм.

Ако НВО „Транспаренси интернешнл“ или „Антикорупциска“ сакаат докази, наместо да подлегнуваат на ова провидно сценарио, можеби треба да ја побараат во поврзаноста на споменатите, упатуваат од Агенцијата за филм.

„Дали се информирани дека адвокатот на Манчевски заедно со неговата сопруга, претставничката на „Еуроимаж“ за Република Северна Македонија, Тања Пепељуговкса, инаку многугодишен дистрибитер на филмовите на Манчевски, заедно со новинарката која е автор на биографија и слични книги за Манчевски, Марина Костова се здружени во идејата да ги рушат сите успеси на младите автори и да ја компромитираат работата на Агенцијата за филм и нејзиниот директор Горјан Тозија? – Дали овие институции не го препознаваат заедничкиот мотив инициран од Манчевски? – Дали разбираат дека тоа што во минатото се практикувало филмови да се добиваат со тропање по кабинети, со изнудување високи буџети е сега минато?- Можеби е потребно овие институции да се позанимаваат со висината на хонорарите на Манчевски“, велат од Агенцијата за филм.

Од таму изразуваат зачуденост што, како што се велат на крајот од дописот, оваа јасна слика на лично мотивирана хајка станува предмет на интерес на сериозни институции. Зар не знаеше Милчо Манчевски дека еден автор кој еднаш блеснал, има огромна обврска да си ја чува аурата и образот, не да се валка. Сепак, последните дела и моралот на авторот се паметат подолго, порачуваат од Агенцијата за филм.

Агенција за филм Марина Костова Милчо Манчевски реакција Слаѓана Тасева соопштение Тања Пепељуговска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.