Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Ќе се обидам да ја сменам реалноста од штетните договори со Грција и со Бугарија

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 10, 2020 22:31

Нашиот став кон тие прашања, ако конкретно алудирате на тие два договора, сме го кажале многу пати во минатото и апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам по тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиот период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма

Тој додаде дека „не може да се игнорира реалноста, бидејќи се учествува на избори и сте дел од влада на која, за жал, постои новата придавка на името. Вели, би бил лицемерен доколку пред избирачите и пред граѓаните каже дека тоа не е така и граѓаните на тоа сигурно би прашале зошто тогаш учествува на избори.

„Моето демократско право е да се трудам и дадам се од себе да променам некоја реалност со која не се сложувам, ако за нешто ценам дека е ускратено моето елементарно право, ако ценам дека може да биде подобро“, нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека никогаш нема да се согласи дека Гоце Делчев бил нешто друго, а не Македонец. Не може да се согласи и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски.

„Не може да се исполнуваат ставки од договорот со јужниот сосед предвреме. Нема да се согласам да се откажам од своите сонародници кои живеат во соседните држави“, рече Мицкоски.

Во врска со изградбата на едно општество за сите, тој истакна дека идејата да се презентира едно општество за сите завршила во моментот кога била видена Луј Витон чантата.

„Сфативме дека сите овие политички флоскули завршија спакувани во една чанта“, истакна Мицкоски во своето гостување на телевизија Телма.

Мицкоски посочи дека ако денеска некој се обидува етнички да ги мобилизира граѓаните, според него, тоа е суштинска грешка затоа што сите без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики, сите буквално имаат ист проблем.

„Нив не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Да, тоа тие го чувствуваат и тие се горди на својата етничка припадност. Но, суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, тоа е суштината“, порача Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 кампања Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.