НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори 2020: Македонија гласаше, на ред е пребројување на ливчиња и првични резултати

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Завршија десеттите парламентарни избори во Македонија, петти предвремени по осамостојувањето. На ред е пребројувањето на гласовите, првични резултати и, секако, први реакции од учесниците во изборниот процес што овојпат се одвиваше под специфични околности поради пандемијата на Ковид-19. Излезноста до 19 часот, според податоци на Државната Изборна Комисија (ДИК), беше 45,77 отсто или правото на глас до тој момент го искористиле 830.370 граѓани. Колку се поместени бројките во последните два часа од изборите, јавноста ќе биде известена од прес-конференцијата на ДИК што е најавена наскоро.

Право на глас имаа 1.814.613 милион граѓани кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овој процес се издвојува од досегашните во земјата, бидејќи се организира во состојба на пандемија со Ковид-19, гласањето за различни категории на лица е три дена, а денешниот изборен ден ќе трае два часа повеќе од вообичаеното и прогласен е за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици требаше да се отвораат во 7 часот, а гласањето ќе заврши во 21 часот. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати меѓу кои, според статистиката на ДИК, има 675 жени (42,78 отсто) и 903 мажи (57,22 отсто).

Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старечките домови. Според податоците од ДИК, правото на глас вчера го оствариле вкупно 7.861 болни и немоќни лица. Што се однесува, пак, до лицата кои се наоѓаат во старечките домови, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправните установи 1.235 лица.

Гласањето за овие избори почна во понеделникот, ден што беше резервиран за заболените лица со Ковид-19 и оние во самоизолација, при што правото на глас го искористиле 723 од нив. Од гласањето во понеделникот и од вчера, ДИК не објави резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата останаа запечатени во пликоата кои се наоѓаа во гласачките кутии до вечерва кога ќе се пребројуваат со сите останати.

гласање Избори 2020 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.