НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов: Мора да го сакаме Скопје, тоа е наша голема заедничка куќа

0
By Нова ТВ on July 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес во 1963 година, на градските гробишта во Бутел, претпладнево беше оддадена почит и положено цвеќе од делегации на Владата, на Собранието, на Град Скопје, од организациии, од здруженија и од поединци.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека природната катастрофа пред 57 години одзеде 1073 животи и урна над 80 проценти од тогашниот станбен блок на главниот град, но во исто време, рече тој, оваа несреќа покажа големина на хуманоста и човечноста од 87 држави од светот и од тогашните шест социјалистички републики на Југославија. Во многу краток рок тие помогнаа, најпрво со давање на хуманитарна помош за граѓаните на Скопје, а потоа, рече Шилегов, и да го издигнат овој град од пепелта.

„И Скопје никнува како феникс и симбол е на една голема светска солидарност, што веројатно се нема случено во историјата на современата цивилизација. Тоа за нас претставува обврска кон тие држави и обврска кон останатиот свет и затоа секогаш кога се случуваат несреќи, градот Скопје излегува во пресрет. Обврска е да се вратат имињата на улиците токму на тие држави кои помогнаа да се издигне градот по природната катастрофа, коишто неправедно беа одземени со некои одлуки во минатото и најавив дека тоа ќе биде коригирано“, истакна скопскиот градоначалник.

Посакува поголема спремност во иднина, зашто природните катастрофи не може да се предвидат, посочувајќи на пандемијата со која сега се соочуваме.

„Посакувам она што се случи на Скопје да не се случи никаде во светот, а најмалку во нашиот град. Мора да го сакаме Скопје, затоа што Скопје е нашата голема заедничка куќа, нашиот дом, Скопје е еден непокор, една љубов која сме должни како негови граѓани да ја чувствваме кон нашиот град“, додаде Шилегов.

Според него, ширењето на градбите во Скопје нема влијане врз подземните тектонски поместувања кои се карактеристични за Скопската Котлина. Посочи дека објектите изградени по 1963 година, како што рече, „барем оние фундаменталните проекти и оние што Градот ги работи“, се должни да бидат сеизмолошки испитани и одобрени.

„Верувам дека стандардите за градба пропишани по земјотресот во добар дел се почитуваат, барем оние објекти кои се легално влезени во постапка на градба може да гарантираат сигурност за да не се повтори таква катаклизма како во 1963 година“, рече Шилегов.

Од силниот земјотрес со магнитуда од 6.1 степени според Рихтровата скала на 26 јули во 1963 година во 5.17 часот, животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Беа урнати 15 800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

Обединетите нации веднаш по катастрофата, презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Светот беше ангажиран и по апелот на Меѓународниот Црвен крст и Скопје стана град на меѓународна солидарност.

земјотрес Петре Шилегов Сеќавање Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.