Полициски службеници вчера во близина на новата крстосница кај градските гробишта во Кавадарци го лишиле од слобода Р.К. (58) додека со трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, превезувал тројца мигранти од Авганистан на возраст од 17 до 23 години.
За настанот, како што соопшти МВР, се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ.
Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.