НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид мерки во Грција: Со маска и во црква, до 100 лица на свадби, крштевки и погреби

0
By Нова ТВ on July 31, 2020 СВЕТ
Фото: greekreporter.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради зголемениот број на нови случаи на Ковид-19 и поради појавите на опуштеност и непочитување на превентивните мерки, грчката Влада презема дополнителни мерки како задолжително носење на маска во затворени простори, забрана за посети во домови за стари лица и болници, најмногу 100 лица на свадби, на крштевки и на погреби, забрана за одржување на панаѓури, забрана за стоење во ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

Кусо по објавата на Националната организација за јавно здравје попладнево за 78 нови случаи на Ковид-19 во земјата, највисока бројка во изминатиот период, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, ги соопшти новите дополнителни мерки.

„Во изминатите денови се забележува опуштеност во однос на почитувањето на мерките и појави на собирања и гужви кои се отсликуваат во порастот на случаите. Само денеска имаме 78 нови случаи и затоа е неопходно да се преземат дополнителни мерки“, рече Хардаљас.

Поконкретно, од утре до 31 август во сила се задолжително носење маска во сите затворени простори, вклучувајќи ги и црквите, забрана за организирање на традиционалните фестивали со жива музика т.н. панаѓури, продолжување на мерките за одржување растојание на плажите, продолжување на превентивните мерки кои важат за приватните јахти и туристичките бродови.

Во однос на маските, постои силна препорака, до 15 август, да се користи и на отворен простор доколку е невозможно одржувањето растојание. До 15 август се откажуваат сите посети во центрите за нега на стари лица, како што се старечките домови, во центрите за бездомници и бегалци, како и во болниците.

Од понеделник до 15 август на свадбите, на крштевките и на погребите е дозволено присуство на најмногу 100 лица со почитување на веќе постоечките здравствени протоколи. Ова мерка веројатно доаѓа по информациите дека дел од новите случаи во Грција што се регистрирани во изминатите денови се кај гости на свадби.

Меѓу мерките што денеска ги соопшти Хардаљас и продолжувањето на прекинот на авионските и на морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, со Албанија и со Турција до 15 август, како и одлуката што се однесува на копнените граници.

За влез преку Промахонас (Кулата) е задолжителен негативен тест направен 72 часа пред патувањето, а истото важи за оние кои авионски пристигнуваат во Грција од Бугарија, од Романија и од Обединетите Арапски Емирати.

Грција Ковид-19 мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.