Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три години од потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија

0
By Нова ТВ on August 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 1, 2020 15:22

Денеска се навршуваат три години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Документот беше парафиран во Скопје од тогашниот премиер Зоран Заев и претседателот на Владата на Бугарија, Бојко Борисов.

„На денешен ден, пред три години, имавме чест заедно со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, да оддадеме почит на илинденците од Крушево и од АСНОМ, на светото место пред гробот на Гоце Делчев во Скопје и да го потпишеме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Покажавме политичка волја за прогрес, за решавање на отворените прашања и направивме историски чекор напред. Создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани“, напиша денеска на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Заев додава дека перспективите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа со Грција, ни ги донесоа членството во НАТО, отворениот процес за преговори за членство во ЕУ, но и ко-претседавањето на Берлинскиот процес годинава со што за првпат земја која не е членка на Европската Унија (ЕУ), зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

„Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина. Преку овој договор за иднината, се определивме заедно да ја спречуваме злонамерната пропаганда и заедно да бидеме против говорот на омраза и да го поразиме национализмот“, истакна Заев.

Тој посочува дека рамката на иднината на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ги упатува владите на двете земји да бидат безрезервно посветени на остварување на перспективите за развој и напредок на односите на Република Северна Македонија и Република Бугарија и за добробит на своите народи.

Договорот, во согласност со Уставот на Северна Македонија, беше потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, кој од страна на Заев и Борисов беше оценет како историски момент, отвори перспективи за двете земји за интензивна и цврста соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави, како и силна поддршка на Бугарија за евроатлантските аспирации на земјава.

Согласно Договорот беше формирана Заедничка македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која досега одржа девет средби на кои се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја, а дебатираше и за надминување на различните толкувања. Комисијата досега успеа да постигне напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев.

Работата на Комисијата во моментов е во мирување поради предвремените парламентарни избори што се одржаа во земјава. Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во март годинава изрази надеж дека Комисијата ќе продолжи со работа по завршувањето на изборите кај нас.

Бојко Борисов Бугарија Договор Зоран Заев Македонија потпишување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.