Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енис Хилми: Кој ми го „украде“ мојот Охрид?!

0
By Нова ТВ on August 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 3, 2020 15:26

Пишува: Енис Хилми

Објавено на publicitet.mk

Имаше еден Охрид, чист, пречист. Каде, видиш, трендафилите мирисаа малце подруго, каде еден народ одеше со поисправена глава, каде едни фабрики деноноќно работеа, каде едни цркви и џамии беа мистични и скриени во шуми и тишина, чувани и очувани од некој што знаеше како се штитат споменици на културата.

Имаше едни брда што се пошумуваа и едни борови носени дури од Ерусалим, имаше една библиотека со поглед кон езерото, еден народ што чита книги, едно езеро мирно и спокојно, зошто беше будно чувано од една институција на крајот од каналот.

Имаше еден фестивал што секоја вечер ја собираше вистинската светска музичка елита, кога вечерите госпоѓите специјално дојдени за таа прилика, со наметнати шалови итаа кон „Света Софија“, зошто тоа беше едноставно врвот од тој тип во 20 милионската држава. Имаше и една друга поетска елита што ноќите рецитираше под едни борови што ги испокасапија. Веројатно во исто време кога еден друг споменик го минираа со динамит.

Имаше и градска аптека со своја лабораторија за лекови, со ентериерно решение – подарок од загрепски архитекти, што малку фалело за и тука да не искористат динамит, зашто било толку саглам направено, па не можеле никако да ја срушат, во моментот кога аптеката ја претвораа во коцкарница која ете сега ни свети.

Имаше и една автобуска станица, карши аптеката, плански осмислено за комодитетот на гостите, во центарот на градот. Во Дубровник е сè уште во центарот на градот.

Имаше и еден градски полигон каде кошаркари и ракометари на цела држава се натпреваруваа, и естрадни вистински звезди настапуваа, а сега се натреваруваат млади луѓе, кој повеќе ќе испие, кој повеќе ќе плука и опцуе или кој погласно ќе запее, што погаден турбо фолк. Добро, сега барем опкружувањето им е соодветно. Преполно им е со ѓубре. Од самите себе.

Имаше и еден камен во една чаршија светнат и чист каде утрата домаќинките итаа со плетените кошници кон пазар, каде ги пречекуваа раскоши на бои и носии со топли очи. Останаа само по некои топли очи, по некој јабучар миризлив и „черешни“ заробени во ново поставениот бетон, гранит и стакло.

Имаше и едни цистерни што секоја ноќ ги чистеа улиците и едни прскалки што се пуштаа по парковите во раните утра. Секое утро. Имаше и еден хотел „Палас“, со летна бавча и музика не подоцна од 11 часот, чинам. Имаше и летна кино бавча, каде сега има повеќе смет чинам и од полигонот.

Имаше и едни дворови што мирисаа на тазе варено слатко со миск, а љубопитните очи на странците, доколку ѕирнеа низ ширум отворените порти, се канеа внатре, да пробаат, во стаклени гостински „пајнчиња“ на гостинска табака со штиркано миленце и чаша студена вода.

Имаше и едни комшии што ќе ви ги прибереа гостите ако дома немавте доволно место за спиење. Во секогаш скоцканите гостински соби, со уште поскоцканите чаршави. Имаше едни топли детски срамежливи очи што едвај чекаа да бидат пратени од комшиите по леб или весници.

Имаше и едни господа што утрата со цел сноп од весници го пиеја утринското кафе под боровите, што исто така ги искасапија. Имаше и еден авион што секој ден во топлите лета, ги носеше охридките гости до Дубровник и нивните кај нас.

Имаше и задолжителен добар ден по сокаците со непознатите гости и лаф муабет со познатите. Имаше археолози, византолози, историчари на уметност и архитекти што со апаратите околу врат, талкаа низ уличките.

Имаше и едни плажи без лежалки, без музика, во јаболкници што исто така ги искасапија. Имаше и една плажа со најубав сладолед во метални чинивчиња, чии фотографии од 70-те рефлектираат на таков свет и убавина, чиниш си на далмацискиот брег, во најмала рака. Сега го рефлектираат елитниот турбо фолк од регионот.

Имаше и една дискотека во Градиште, што беше рангирана заедно со Зрче на островот Паг, за најдобрите во 20 милионската држава. Зрче е сè уште најдобра. За Градиште пресудете сами.

Имаше, имаше…..слободно, дополнете….

А деновиве…деновиве, еве имаме ѓубре. Испаднавме поголемо ѓубре и од амбалажите што на сите страни ги истураме.

Ок. Не е се така црно. Ни остана ѓеврекот. Можеби тој ќе не спаси. Поточно дупката во ѓеврекот.

Како беше она на Милчо Манчевски – „The circle is not round!“

град Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.