Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против Л.С. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“, а во врска со кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.
Пријавената, во два наврата ја напуштила територијата на Македонија и со умисла заминала за Сирија каде учествувала во активности на терористичката организација „Исламска држава“ (ИСИС). На 10 март оваа година, таа била депортирана на Меѓународиот аеродром Скопје со лет од Истанбул.