НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изјава на водечките партии во ЕП: Лукашенко прогласен за персона нон-грата во ЕУ

0
By Нова ТВ on August 18, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко за персона нон-грата во Европската Унија (ЕУ) и повикаа на нови, „слободни“ избори во земјата. Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел.

„Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановскаја. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори“, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците.

Партиите на Европскиот парламент ја поддржаа одлуката на Министерството за надворешни работи на ЕУ за поединечни дополнителни санкции против Белорусија и повикаа тие да бидат воведени во најкраток можен рок.

„Ја поздравуваме одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за „црната листа “ за сите функционери кои се одговорни за насилството и местењето на претседателските избори. Бараме списокот да биде изготвен што е можно поскоро за лицата кои ги извршиле овие злосторства да добијат забрана за влез во ЕУ и да им се блокираат средствата “, се додава во соопштението.

Пратениците на ЕУ, воедно, ја повикаа Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата во Белорусија. Европарламентарците, исто така, ја осудија и употребата на сила против мирните демонстранти и повикаа на итна и транспарентна истрага за сите случаи на насилство врз граѓаните.

„Бараме итно идентификување на сите уапсени пред и по изборната кампања“, се наведува во соопштението.

Александар Лукашенко Белорусија Европски парламент ЕУ заедничка изјава партии Персона нон-грата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.