Експлозија на гасовод кај Дамаск доведе до прекин на електричната енергија во Сирија, а први показатели, според министерот за нафта, Али Ганем, се дека станува збор за терористички напад.
Телевизискиот канал „Икбари“ прикажа снимки од голем пожар по експлозијата меѓу сириските градови Думеир и Адра, северозападно од главниот град Дамаск. Сириската државна новинска агенција САНА подоцна го цитираше министерот Ганем дека делови од земјата постепено добиваат електрична енергија.