Австрија за првпат донесе одлука да прогласи руски дипломат за „персона нон грата“ и од него побара да ја напушти земјата до 1 септември, како врв во шпионската афера што австриските експерти ја сметаат за многу тешка.
Рускиот дипломат е осомничен дека со години се занимавал со економска шпионажа, првенствено со хај-тек компании. Аферата е откриена откако на еден Австриев, негова врска, соработката му станала претешка и случајот го пријавил кај својот шеф.
За време на судењето, Русинот се повика на дипломатски имунитет и одби да даде изјава.