НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрага: Две лица исчезнаа во водите на Вардар кај Гостивар

0
By Нова ТВ on August 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полициски службеници, пожарникари и граѓани синоќа започнаа потрага по две лица кои исчезнале во водите на Вардар кај Гостивар. Според неофицијални информации, нешто пред полноќ, помлада жена била забележана во водите на Вардар кај кланицата. Очевидци тврдат дека еден гостиварец се обидел да ја извлече, но не успеал во намерата и бил повлечен од брзаците на реката. Набрзо потоа, настанот бил пријавен во полиција, по што биле ангажирани екипи на првата помош, полиција и пожарникари.

Околу 1:30 часот новинарот на МИА беше на мостот во селото Форино каде вознемирените жители го очекуваа исходот од потрагата. Полициски службеници со батериски ламби го следеа текот на водата во случај да се појават телата кои последен пат биле видени во близина на селото Чајле.

Идентитетот на лицата по кои се трага, засега е непознат. Исто така до доцна во ноќта не беше познато и под какви околности започнала драмата.

Околу 3 часот проструи информација дека во близина на Старо Чајле е лоцирано безживотно тело на женско лице, но обвинителството, полицијата и брзата помош не можеа да ги потврдат наводите.

Вардар Гостивар Македонија потрага Река
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.