Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов во вечерашното обраќање во Собранието истакна дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ со кој оваа партија настапи на изборите – „Обнова“, сепак, се реализира, но во самата опозициска партија.
„На овие избори се судрија два концептa. Eдниот на коалицијата „Можеме“, концепт кој победи и кој нуди прогрес и иднина за државата и граѓаните и концептот „Обнова“, кој за волја на вистината се реализира, но внатре во ВМРО-ДПМНЕ и тоа е добро за државата, добро за партијата и нека истрае до крај“ порача Костадинов.