НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекордни бројки на Корона случаи во Индија, пациенти умираат додека чекаат кислород

0
By НОВА ТВ on April 22, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последните 24 часа во Индија се регистрирани најголемиот број Корона случаи било кога во светот. Во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 се смртни случаи – просекот на смртни случаи оваа недела во Индија беше 1,648 дневно што значи дека смртноста сега е значајно зголемена. Рекорден број случаи кој стигна блиску до денешниот број беше достигнат само во САД на 9ти Јануари, 2021 кога беа регистрирани 278,920 случаи во еден ден. Иако бројките во Индија се екстремно високи, сепак треба да се напомене дека Индија е држава со 1.366 милијарди жители, а САД е држава со 328 милиони, што значи дека рекордните инфекции биле процентуално повисоки во САД.

Вкупниот број на активни Корона случаи во Индија е 16 милиони и е земја само втора по ред после САД во оваа статистика. Овие драстични бројки се должат на огромниот втор бран кој ја удри Индија, кој за сега нема покажано знаци на било какво успорување. Иако оваа година изгледаше дека Индија ја имаше ситуацијата под контрола до некој степен, се смета дека овој бран се должи на олабавувањето на мерките во последниот месец, како новите варијации и мутации на Корона вирусот.

109 милиони жители во Индија имаат добиено една доза од некоја од вакцините и 17 милиони се целосно вакцинирани. Но дури и со ова темпо на вакцинации изгледа дека земјата сепак се соочува со голема криза на Ковид случаи, најголемиот проблем за сега е недостигот на кислород во болниците.

„Постојано добивам повици од очајни пријатели и членови на семејството кои бараат помош за наоѓање кревети и лекови. На некои сум во можност да им помогнам, а на некои не можам,“ кажува индискиот репортер Викас Пандеј од градот Делхи за BBC News. „Јас лично знам за многу случаи каде пациентите починале затоа што не можеле да добијат кислород на време. Им се кршат срцата на семејствата кога ќе слушнат дека болницата во која се лекуваат нивните најблиски наскоро може да остане без кислород.“

За разлика од лани, не постои целосен државен локдаун туку Ковид мерки се спречуваат на регионално ниво. За да спречи уште поголем број случаи, главниот град Делхи (кој има популација од скоро 19 милиони жители) најави еднонеделен локдаун кој ќе почне од викендот, оставајќи ги отворени само владините канцеларии и основните услуги како болници, аптеки и супермаркетите.

Но не сите сметаат дека овие мерки вистински ќе помогнат. Пред да стапи на сила локдаунот во главниот град овој викенд, илјадници работници мигранти пробуваа што побрзо да стигнат на автобуските терминали во предградијата на Делхи за да можат да стигнат до помалите градови каде што тие живеат. Службениците за јавно здравје предупредуваат дека масовниот егзодус од Делхи може да доведе до нови кластери на Ковид инфекции.

Исто така некои сметаат дека бројот на новозаразени Ковид пациенти е всушност многу повисок заради недостигот на Ковид тестови. Дури и градоначалникот на општината Северен Делхи изјави дека смета регионалната влада на Делхи регистрира понизок број смртни случаи отколку што реално се случуваат.

Ќе видиме дали по регионалните рестриктивни мерки ќе се намали овој висок број на случаи или пак поради лошата организација околу транспортот на работниците мигранти овој број само ќе се зголеми, продолжувајќи ја веќе постоечката криза.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.