НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Rainbow Europe: С.Македонија на 31во место од 49 земји по прашање на ЛГБТи права

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако во последните неколку години може да се забележи подобрување по одредени прашања кои ја засегаат ЛГБТи заедницата во С.Македонија, сѐ уште има многу место за напредок.

Според организацијата Rainbow Europe, С.Македонија моментално се наоѓа на 31вото место во нивниот агрегатен ранк за човекови права достапни до ЛГБТи луѓе. Овој ранк се базира на следните категории: 1) еднаквост и недискриминација, 2) фамилија, 3) криминал и говор на омраза, 4) правно признавање на родот и телесен интегритет, 5) просторот на граѓанското општество, и 6) азил.

Според критериумот еднаквост и недискриминација, С. Македонија се наоѓа на 28мо место, а според критериумот фамилија нашата држава се наоѓа дури на 38мото место. Според критериумот криминал и говор на омраза, пак, С. Македонија се наоѓа на 22рото место и според критериумот правно признавање на родот и телесен интегритет е на далечното 39то место кое го дели со други држави каде овие права се исто така слабо достапни на ЛГБТи заедницата, како Грузија и Ерменија.

С. Македонија има највисоки ранкинзи по критериумот просторот на граѓанското општество – прво место кое го дели со повеќе држави и со скоро 100% ранкинг – и критериумот азил – на 13то место.

„Македонија со Босна и Малта се трите држави кои имаат најголем скок во поените, позициите на мапата на Илга Европа годинава. Освен правните промени, особено со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, формирањето на Интерпартиската ЛГБТИ Група во Собранието со новиот состав после изборите, во која имаме пратеници и од власта и од опозицијата, сведоци сме на политичка волја кај лидерството за работење кон постигнување на еднаквост за нашата заедница,“ вели Кочо Андоновски, директор на Центарот за Права на ЛГБТ луѓе.

„Она што мораме да го нотираме е дека оваа политичка волја кај лидерството не гледаме дека се симнува надоле низ структурите на институциите и повеќето се сѐ уште несензибилни за ЛГБТИ прашањата, пристапот и односот кон ЛГБТИ луѓето. Ова е предизвик на кој сите мораме да работиме, а ние како граѓанско движење сме подготвени да соработуваме со институциите и да донесеме промена која ќе значи подобар, поквалитетен живот за ЛГБТИ луѓето,“ додаде Андоновски.

Сепак мора да се напомене дека, секако, ситуацијата е далеку од идеална. ЛГБТи заедницата, различната сексуална ориентација, родовите идентитети и слични теми поврзани со квир заедницата се сѐ уште табу теми. Кога Кочо Андоновски (од ЛГБТ Центар), Давид Тасевски (од Субверзивен Фронт), Лила Милиќ (од Трансформа) и Ивана Костовска (од Субверзивен Фронт) зборуваа отворено за проблемите кои ја засегаат ЛГБТи заедницата на „Моја Сторија“ во ударен термин, ЛГБТи заедницата повторно беше на удар на говор на омраза по социјалните мрежи.

Колку и да беше добронамерна емисијата, „Моја Сторија“ сепак изнесе и некои погрешни или не до крај точни информации за ЛГБТи заедницата во нивниот вовед. На пример, во анимираното видео на почетокот на епизодата од „Моја Сторија“ се наведува следното: „Л е синоним за поимот лезбејки или особи од понежниот пол кои имаат развиен афинитет или сексуални чувства кон друга женска особа.“ Сега се користи терминот „род“, не „пол“ по вакви прашања бидејќи опфаќа луѓе различни родови идентитети. Односно во овој случај погрешно е да се каже пол, бидејќи и трансродовите жени може да бидат лезбејки — лица кои при раѓање им било означен машки пол, но се идентификуваат и се идентификувани од други луѓе со женски род. И од еден куп причини веројатно би било подобро да го оставиме терминот „понежниот пол“ во минатото.

Ова не беше единственото проблематично нешто што се кажа во емисија. Друг пример е тоа што се започнува дискусијата со многу проблематично прашање: „Дали имаме право да сме различни?“ Почнувајќи го самиот вовед на оваа тема со едно прашање чиј одговор може да биде „да“ или „не“ е чуден и на некој начин дебатерски начин за да се почне темата за ЛГБТи заедницата. Прашањето не е, на пример, „Како е да се биде различен?“ или „Што значи да се идентификуваш како ЛГБТи личност?“ туку веднаш го става под знак прашалник (легалното) правото да се постои како квир личност.

Така што во македонскиот дискурс има далеку од совршена репрезентација на ЛГБТи заедницата и сѐ уште има доста место за напредок.

Вечерва во 21:30 Борјан Јовановски ќе зборува со две мајки, Славица Гајдаѕис и Мирјана Фотевска, на темата „Како е да се биде родител на ЛГБТи дете?“ на емисијата Клик Плус на ТВ21 – тема која до сега не била реално отворена на ваков начин. Ќе видиме дали по оваа емисија, ЛГБТи заедницата повторно ќе биде на удар.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.