„ЕУ покажува дека останува доследна на принципот дека на идентитетските прашања не им е местото во преговарачката рамка и во процесот на преговори, а тоа е принцип што треба да не радува“. Ова го истакна министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска во гостување на „Само интервју“ на Канал 5.
Според неа, предлогот на министерот за надворешни работи на Поругалија Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување Оловер Вархеји покажува дека ЕУ презема засилен, видлив и конкретен ангажман за деблокирање на евроинтергацијата на Република Северна Македонија.
„Позитивно е што работите се придвижуваат, затоа што би било лошо да има статус кво и на тоа да се навикнеме и ние и ЕУ. И покрај ниските очекувања, се покажа дека португалското претседателство со ЕУ, сепак, е фокусирано на Балканот и на проширувањето“, рече Шеќеринска.
Поддршката за старт на преговорите, посочи Шекеринска ја покажува и тоа што огромното мнозинство од 26 земји во ЕУ се за отворање на преговарачкиот процес со Северна Македонија, а од друга страна само Бугарија е против.
За реакциите во Софија, министерката вели дека од она што можела да го проследи од медиумските извештаи, Бугарија не е задоволна од предлогот на Силва и Вархеји.
„Очигледно е дека во Бугарија не се многу среќни со предлогот. Мислам дека и затоа го пуштија во јавноста, да му ги сосечат нозете“, рече Шекеринска.