Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да се рушат дивоградбите само на социјално загрозените категории

0
By Biljana on May 26, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 26, 2021 12:43

Предлог законот за легализација на бесправно изградените објекти ќе ги опфати само објектите на социјално загрозените категории, дознава НОВА ТВ. Предлог законот предизвика бурни реакции во јавноста, претседателот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише и законот сега повторно ќе треба да се најде пред пратениците. НОВА ТВ од свои извори дознава дека овој Закон пред да стигне на пленарна седница за гласање ќе претрпи измени така што крајното законско решение ќе ги опфати само дивоизградените објекти на граѓаните во социјален ризик.

ДКСК вчера организираше онлајн јавна дебата за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти. На дебатата беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои да се повлече актуелниот Предлог закон за легализација на бесправно изградените објекти, да се направи попис и категоризација на дивоградбите за да се утврди нивниот точен број, па потоа да се изработи ново законско решение во кое точно ќе се прецизира кој и каков објект, како и каде и под кој услови ќе може да се легализира.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска не крие оти Комисијата била изненадена кога Законот бил изгласан во Парламентот.

„На овој закон му претходеше плодна дебата за Националната стратегија за борба против корупцијата и во долет за градежништво и урбанизам токму го наведовме ризикот од постоење на овој Закон и препорачавме што побрзо да се ограничи неговата примена. Сега Законот е вратен во собраниска процедура и оценуваме дека сега е поволен момент да се слушне професионалната јавност во Македонија. Од тие причини ја организиравме дебатата и сме многу задоволни. На дебатата покрај претставници на стручната фела учествуваа членовите на ДКСК, луѓе од невладините организации, од министерствата за транспорт и врски и за животна средина и просторно планирање и ЗЕЛС, како и правни експерти од областа на судството и високото образование, судии. Од самата дискусија се утврди дека тој Закон не е усогласен со Уставот, заради тоа што не овозможува владеење на правото ниту пак ја заштитува животната средина“, изјави во Утрински брифинг, Билјана Ивановска.

Учесниците на јавната дебата побарале итно повлекување на законското решение, особено поради фактот што согласно процедурите остануваат само 30-тина дена за измени на постојното законско решение пред Собранието повторно да го разгледа, кои според учесниците на дебатата не се доволни за да се спроведе јавна расправа и да се вметнат сите забелешки од стручната фела.

„Ние гледаме дека со овој Закон на една страна сите оние граѓани кои што имале дозвола за градба, ги почитувале сите процедури, си платиле комуналии, сега тие стануваат граѓани од втор ред, затоа што сите оние кои што граделе бесправно, па дури што им се започнати постапките, ќе им се стават настрана значи бесправото станува право. Јас сметам дека со ваков Закон ние ја покриваме целата слабост на инспекциските служби. Дали општината немала инспектор, дали бил со несоодветно образование, дали тој затаил, дали дал решение за рушење па не се спровело, не е важно, важно не се спровело како што треба. Имаше и добри предлози – дека постои проблем – постои, дека треба да се реши, треба да се реши, но прашањето е како. На тоа прашање имаше добри предлози од фелата. Се кажа дека треба да се направат критериуми, да се направи инвентаризација, секоја општина со какви дивоградби располага“, вели Ивановска.

За дивоградбите да станат легални гласаа 72 пратеници и од власта и од опозицијата. Шефот на државата, Стево Пендаровски не го аминува Законот со објаснување дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот.

дивоградби Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.