Европската Унија (ЕУ) на 7 јуни ќе дебатира за Стратегијата на ЕУ за биодиверзитет до 2030 година, а следниот ден Европски Парламент ќе гласа за предлог резолуцијата што предвидува 30 проценти од територијата на ЕУ, копно и вода, да бидат заштитени подрачја.
ЕУ сака да ги намали емисиите на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина за 40 отсто до 2030 година (во споредба со 1990 година) и емисиите на јаглерод да се намалат до нула до 2050 година. За постигнување на овие цели потребни се значителни инвестиции во технологии за производство на чиста енергија.
Според ЕК, за постигнување на таквите цели до 2030 година се потребни 260 милијарди евра дополнителни инвестиции на годишно ниво. Пред речиси две години, Брисел се обврза на Европски зелен договор, што подоцна стана составен дел од новата рамка на Стратегијата за биодиверзитет до 2030 година.