Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршителите се гордеат: Финансиската дисциплина е на многу повисоко ниво поради нас

0
By Sashko on June 4, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 4, 2021 16:43
Комората на извршители на РСМ денеска одбележа 15-годишен јубилеј. По тој повод беа истакнати видните резултати на извршителите, но беше потенцирано дека не се доволно платени за нивната работа, а како што се истакна, тоа води до сè помала заинтересираност за извршување на таа професија.
– Резултатот од реализираните предмети во нашите канцеларии сведочи колку во овие изминати 15 години успеавме да ги совладаме препреките со кои се соочуваме. Ефикасноста која се постигна со воведување на приватното извршување беше забележана и од страна на Европската Унија. Ќе бидам скромен кога ќе кажам дека имаме многу на што да се гордееме во овие изминати 15 години, истакна претседателот на КИРМ, Ванчо Марковски.
Тој нагласи дека резултатите од реализираните предмети во нивните канцеларии сведочат колку во овие изминати 15 години успеале да ги совладаат препреките со коишто се соочуваат. Ефикасноста која се постигна со воведување на приватното извршување, рече Марковски,  беше забележана и од страна на Европската Унија.
– Ќе бидам скромен кога ќе кажам дека имаме многу на што да се гордееме во овие изминати 15 години.  Благодарение на нас, извршителите, финансиската дисциплина на граѓаните и на правните лица е на многу повисоко ниво, нагласи претседателот на КИРМ, истакна Марковски.
Тој наведе дека РСМ бележи позитивни оценки во делот на привлекување странски инвеститори поради индексот на сигурност  при склучување на договорите за инвестирање во нашата држава.
– Сепак, морам искрено да забележам дека без оглед на сите позитивни резултати кои ги испорачавме во државата, наградата за сработеното, од година во година, е се пониска и пониска.  Тарифата за нашата работа, посебно во овие неколку последни години стана горлив проблем, при што и интересот за вршење на оваа професија е намален, потенцираше Марковски.
Министерот за правда Бојан Маричиќ на одбележувањето на јубилејот нагласи дека Министерството за правда будно го следи функцинирањето на системот за извршување, и тоа како од аспект на ефектите од извршувањето, така и од аспект на успешноста на работата на извршителската должност.
– Поаѓајќи од цврстата определба на Владата за целосна интеграција на земјата во ЕУ, улогата на извршителите има значајна улога во однос на спроведување на законската регулатива, но исто така и во правилното и навремено извршување на судските одлуки, што е поврзано и со стабилноста на нашиот пазар, на економскиот систем и на државата во целина, рече Маричиќ.
Министерот за правда истакна дека сумирајќи ги резултатите од 15-годишното делување на Комората, можеме слободно да заклучиме дека е постигнат навистина голем напредок.

– Доказ за тоа е и последниот извештај на Европската Комисија во кој нема забелешки ниту препораки во однос на концептот на извршување, што е своевидна потврда за успешноста на системот, додаде Маричиќ.

извршители Јубилеј комора Македонија Финансиска дисциплина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.