НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Супертрејд”:„Макпетрол“ го тестираше мазутот во тегли за туршија-до кога со импровизации против конкурентите

0
By Sashko on June 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминатите неколку дена, „Супертрејд“ во јавноста беше врамувана во сосем неточен контекст што значи дезинформирање на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на нашата компанија. Пет цистерни на „Супертрејд“ на крајот од минатиот месец беа задржани на граничен премин и мазутот што требаше да го увеземе беше предмет на анализа. Свесни за квалитетот на тоа што го увезуваме најмалку очекувавме дека вештачењето на мазутот ќе подлежи на низа пропусти. Нашата компанија се темели на професионална работа, оттука секогаш ќе се спротивставиме на импровизации преточени во таканаречени извештаи.

Во прилог ви испраќаме фотографи – 1, 2, 3, 4 се фотографии од земени мостри на мазутот од нашите цистерни кои ги анализираше „Макпетрол“, 5, 6, 7, 8 се фотографии од земени мостри од страна на СГС, најдобрата светска лабораторија која ја ангажираше „Супертрејд“ да изврши анализа на мазутот што требаше да се увезе.

„Макпетрол“ треба да знае зад што става потпис ако гарантира за веродостојноста на тоа што го вади како резултат од анализите направени во нивата лабораторија. „Супертрејд“ не функционира со импровизации, апсолутно е спорен резултатот од анализите ако лабораторијата не знае што всушност е предмет на анализа.

За појаснување во јавноста,

Со извештајот кој беше испорачан од страна на Макпетрол, не се согласуваме, затоа што сметаме дека се направени низа пропусти во начинот на земање на мостри од цистерните. Мазутот се транспортира на 90 степени и доколку примероците не се земаат според протокол, се доведува во прашање точноста на резултатите, бидејќи мазутот може да кондензира и анализата да покаже дека има поголемо количество вода. Конкретно за петте цистерни, целиот начин и постапка, на земање мостри од мазутот, беше надвор од сите правила и прописи. Наместо мострите од цистерните да ги земаат стручни лица, обучени за тоа, сертифицирани за земање мостри, примероци се земаа на несоодветен начин за анализа на Макпетрол во нивната лабораторија. Дополнително спорно е што примероците од мазутот не беа ставени во специјални садови, кои се запечатуваат херметички за мазутот да не биде изложен на надворешни влијанија и да кондензира, туку примероци беа ставени во стаклени тегли за зимница.

Анализите се правени во лабораторија на Макпетрол, бидејќи нашата земја нема државна лабораторија за анализа на мазут. Па така, Макпетрол освен што се анализираат самите себе, односно производите што сами ги увезуваат, исто така прават анализи и на конкурентските фирми.

Анализата на Макпетрол од мострите кои беа несоодветно земени, покажаа присуство на 4,6 % вода во мазутот, што го отфрливме како невистинито. Од таа причина „Супертрејд“ ја ангажираше најдобрата светска лабораторија СГС (https://www.sgs.com/en/office-directory), за да го испита квалитетот на мазутот во истите цистерни. Мострите кои ги земаа сертифицирани лица и истите беа предадени на анализа,  резуплтатот покажа дека  мазутот во цистерните ги задоволува станрадите и присуството на вода е 0,20 % а во нашата земја е дозволено 1 %.

(Во прилог на ова соопштение ви ја доставуваме и анализата што ја изврши СГС).

Минатата среда „Супертрејд“ најави повторен увоз и побара вонцаринска анализа на мазутот, како и секогаш нашите аналзи ги вршеше СГС, од истите мостри анализа направија и државните институции. Резултатите покажуваат дека мазутот ги исполнува стандардите за квалитет во земјава, очекувама Царината да ги пушти цистерните и да го дозволи увозот.

Фотографии од земени мостри на мазут што ги анализираше Макпетрол во нивната лабораторија

Фотографии од земени мостри на мазут што ги зема СГС, најдобрата светска лабораторија што ја ангажирала компанијата „Супертрејд“

Извештај од тестирањето на СГС

мазут Македонија Макпетрол мостри СГС Супертрејд Цистерни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.