НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крај на наставата: Учениците на распуст, надлежните ќе решаваат како од септември

0
By Sashko on June 10, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/21 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159.

Учебната година почна еден месец подоцна поради антиковид протоколите за реализација на различни начини на настава да бидат законски усвоени во Собранието кое, пак, требаше да биде конституирано по одржаните парламентарни избори минатиот јули.

Образовниот процес во двете полугодија беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, главно преку платформата Мајкрософот тимс, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини. Ученици без ИТ-уреди имаа можност за настава преку Македонската радио-телевизија и добиваа печатени материјали.

Министерството за образование и наука (МОН) во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство (МЗ), ќе утврдува како ќе се реализира наставата во 2021/22, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и со министерот за здравство во врска со враќање на учениците во училиштата од 1 септември.

– Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки, училниците да се полни со ученици, а тоа најмногу ќе зависи од епидемиолошката состојба, рече Царовска.

За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта во кои, според објавениот Конкурс, слободни се 30.053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата.

Поради отежнатите услови за настава и на барање на Сојузот на средношколци, за оваа генерација матуранти е изменет концептот на државната матура, откако во февруари беше постигнат договор со Владата – да полагаат еден екстерен испит помалку од минатите години и да имаат тестови по скратени наставни програми за сите испити (екстерни и интерни).

Во текот на оваа учебна година Министерството за образование и наука подготви и најави повеќе новини за наредната. Во март ја усвои новата Концепција за основно образование според која ќе се учи по нови наставни програми. Од септември тие најпрво ќе бидат воведени во прво и во четврто одделение и веќе се изработени, а во наредните пет години се планира за целото основно образование.

МОН изработи и нов закон за учебници со цел да се применуваат дигитални содржини. Според планот, од 2021/22 дигитални учебници ќе бидат во употреба за четвртоодделенците, а во идните години во повисоките одделенија во основното, како и во средното образование. За учениците до трето одделение ќе останат во употреба печатените (хартиени) учебници.

Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование е во процедура во Собранието, а поради барања тој да биде повлечен, законодавниот дом прими и предлог на иницијатива од родители да се распише референдум за непосредно изјаснување на граѓаните.

Македонија образование учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.