НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Учебната година беше предизвик со кој заедно и успешно се справивме

0
By Sashko on June 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Министерката за образование и наука Мила Царовска со видеообраќање се заблагодари на наставниците, на учениците и на родителите за успешно завршената учебна година во вонредни услови поради пандемијата.
– Учебната 2020/2021 претставуваше предизвик на кој заеднички успеавме да одговориме. Учениците добија квалитетна настава и непрекинат воспитно-образовен процес, а нивното здравје, безбедност и благосостојба беа заштитени, што за сите нас претставуваше најголема грижа. Сето ова немаше да биде возможно без несебична поддршка и помош од наставниците и родителите. Цврсто верувам дека со здружени сили сè може да се постигне полесно. Благодарение на вашиот заеднички придонес во овој процес, ова уште еднаш се докажа. И во овие услови, создадовме сплотена, грижлива и поддржувачка заедница со една цел – учениците да добијат квалитетно образование, а нивното здравје и безбедност да останат заштитени, рече Царовска.
Иако наставата на училиште и непосредната комуникација со соучениците и наставниците тешко може да се заменат, рече Царовска, тие работеа напорно и со наставата на далечина покажаа висока продуктивност и одлични резултати.
– Недостатоците во знаења кои нужно се појавуваат поради условите во кои се одвива наставата, пандемијата, но и новите начини на учење, заедно ќе се обидеме да ги надминеме следната учебна година, со цел да овозможиме успешно школување и добра иднина за нашите деца. Благодарност за сè што направивте да го поддржите учењето од дома. Балансирањето на семејниот и професионалниот живот некогаш не е едноставно. Како родител на дете во основно училиште, свесна сум дека следењето настава на далечина беше уште еден семеен предизвик со кој сите се соочивме. Ви благодарам за покажаната посветеност и подготвеност за соработка, кои беа суштински дел од успешното спроведување на овој процес, рече Царовска.
Министерката изрази благодарност и до сите учесници во воспитно-образовниот процес кој се реализираше со физичко присуство во училница, за доследното почитување на мерките за заштита на личното и јавното здравје, со што дадоа свој придонес за училиштата да не бидат трансмитери на заразата. 
Македонија Мила Царовска МОН Предизвик учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.