Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандемијата стивнува: Шест градови без активни случаи на ковид-19

0
By Sashko on June 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 11, 2021 09:18

Министерот за здравство Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 рече дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загриженост кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

– Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто, нагласи министерот Филипче.

И вчерашната ковид-статистика говори за стабилизирање на пандемијата. Вчера беше регистрирано само едно починато лице, 18 новозаболени од 2.411 тестови и 31 оздравен пациент. Во болниците моментно се сместени 121 пациент со ковид-19, од кои 48 лица во главниот град, и има околу 500 слободни болнички кревети.

Во Скопје вчера имало вкупно три приеми од кои два во ковид центарот во ГОБ „8 септември“ и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум ковид-пациенти, во Штип пет лица, во Тетово се лекуваат двајца пациенти со ковид-19, во Велес се лекуваат – 11, а во Куманово 15 пациенти. Во Охрид се хоспитализирани седум пациенти, во Прилеп тројца, во Гостивар осум, а во Струга четири болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани девет пациенти, во Кичево двајца, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано позитивни и суспектни лица на коронавирусот.

Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Од активните случаи, најмногу ги има во Скопје – 208, потоа следи Куманово – 50, Прилеп – 32, Тетово – 20, Кичево – 20. Во другите градови се под 20. Шест града се без активен случај и тоа: Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.

биланс Бројки Епидемиолошка слика Ковид-19 Македонија Пандемија пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.