НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО): Филипче: Граѓаните се сè посвесни какво дело прават при донирање на органи

0
By Sashko on June 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Свесноста за органодарителство кај граѓаните е се поголема и тоа е добро за издигнување на здравствениот систем на повисоко ниво, порачаа министерот за здравство, Венко Филипче и националната координаторка за трансплантација во земјава, Маја Мојсова-Мијовска по синоќешното, четврто, успешно пресадување на срце од починат донор во земјава.

– Целиот процес се одвива добро. Ноќеска беше извршена четвртата трансплантација на срце и граѓаните стануваат се посвесни за тоа какво добро дело прават при давање на согласност за донирање на органи од пациенти на кои, за жал, им нема спас. Ова е добар показател, добар знак и упатувам благодарност до сите лекарски тимови кои беа вклучени во операцијата ноќеска, истакна првиот човек на Здравство на попладневата прес-конференција.

Донираното срце од 44-годишната пациентка, која почина од мозочен удар, беше трансплантирано кај 51-годишен пациент, додека двата бубрега ги добија пациенти на возраст од 22, односно 33 години чиј квалитет на живот во голема мера ќе биде подобрен во иднина.

– Успеавме да направиме пет трансплантации од починат донор во оваа година што беше тешка за здравствениот систем од кои четири срца и 10 бубрези, делови од коскено ткиво и во суштина сме на добар пат да бидеме забележани од Европа во однос на бројката и, секако, квалитетот на трансплантациите. Генерално еден здравствен систем се цени по нивото на трансплантација и нивото на здравствениот систем во суштина е препознаен по трансплатација кои се одвиваат затоа што тоа во суштина е највисок дел од здравствениот систем. Но, да кажеме дека без семејствата кои се одлучуваат да даруваат не би можеле сето ова да го направиме, им благодариме од сè срце на тие семејства. Сакаме да изразиме сочувство, но сакаме да знаат дека направиле големо дело, дел од нивните блиски сè уште живее во други пациенти, истакна Мојсова-Мијовска.

Венко Филипче Маја Мојсова-Мијовска Македонија Органодарителство Срце трансплантација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.