Бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, потврди дека меѓу двете земји се одвиваат преговори и дека се надева до 22 јуни тие да финишираат со задоволителен резултат.
Тој се спротивстави на притисоците што се прават врз Бугарија, па дури тие да се и од aмериканскиот претседател, изјавил Ангелов за ТВ Сител, пренесува Бугарската агенција Бгнес.
Само Бугарија знае што е најдобро за бугарските национални интереси и затоа немало да потклекне под никаков притисок од надвор, изјавил бугарскиот амбасадор во С.Македонија, Ангелов, пренесува бугарската агенција Бгнес.