Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На самитот на Г7 во Корнвол усвоен планот за сиромашните земји

0
By Ivana on June 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 12, 2021 15:00

На самитот на лидерите на Г7 во Корнвол денеска беше поддржан новиот глобален план, инициран од САД, за помош на сиромашните земји во градење инфраструктура, како обид да и се одговори на кинеската иницијатива „Појас и пат“, соопшти Белата куќа.

Британските медиуми јавуваат дека лидерите на Г7 денеска го одобрија стартот на планот „Изгради подобар свет“ (B3W) на американската администрација, вреден 40.000 милијарди долари, што ќе помогне да се намали недостатокот на инфраструктура во земјите во развој.

„Претседателот Бајден денеска се состана со лидерите на Г7 за да разговара за стратешкиот натпревар со Кина и да се фокусираат на конкретните активности за задоволување на огромните инфраструктурни потреби во земјите со среден и низок приход“, соопшти Белата куќа.

Г7 и другите партнери со слични ставови ќе го координираат прибирањето на капиталот на приватниот сектор за инвестирање во климатските промени, здравството, дигиталната технологија и родовата еднаквост, што ќе биде поддржано од финансиски институции.

„Планот Б3В ќе има глобален дострел, од Латинска Америка и Карибите до Африка и Индо-Пацифик“, соопшти Белата куќа.

Пред промоцијата на планот, неименуван официјален претставник изјави дека САД, денеска, на вториот ден од самитот во Корнвол, на југозападот од Англија, ќе ги притиснат другите лидери на Г7 на конкретна акција за да се изврши притисок врз Кина и во нивната завршна изјава да вклучат и критики кон Пекинг.

Во врска со новата глобална програма за инфраструктура, официјално лице истакна дека тука не станува збор само за спротивставување кон Кина, туку дека е потребна позитивна алтернатива, која досега не била понудена, и која ги рефлектира западните вредности, стандарди и начин на делување.

земји план сиромашни усвоен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.