Пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата, информираат од Министерството за здравство.
– Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), соопштуваат од таму.
Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.
Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек.