НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американско-руски самит во Женева меѓу очекувањата и можностите!

0
By НОВА ТВ Balaban on June 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
И покрај големата скепса кај голем број аналитичари и тинк-тенк организации, за тоа што би донела американско-руската средба на врвот што ќе се одржи во швајцарската метропола Женева во вилата ,,Ла Гранж“, не е мал бројот и на оние кои сметаат дека со самото тоа што претседателите Џо Бајден и Владимир Путин се среќаваат тет-а-тет, за почеток барем ќе ја испрати пораката дека и едната и другата страна, барем пред светот, си придаваат важност кога е во прашање кроењето на светската геостратегиска мапа.
Организаторите на средбата , се погрижиле во сè да има симболика што ќе праќа порака, па дури и во градот каде ќе се одржи средбата.
Во Женева далечната 1985 година беше состанокот меѓу тогашниот американски и руски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов, период познат како време на Студената војна.
Но како стојат денес работите? На денешниот состанок им претходеа неколку унилатерални акти од двете земји поединечно, што покажуваа дека ривалството на глобалната сцена не само што не престанало, туку и се засилува. Русија ги карактеризираа САД за непријателска земја, па следуваше протерување на дипломатите, а Бајден го нарече Путин ,,убиец“. САД заедно со НАТО ја сместуваат Русија во делот на ,,една од светските закани“. Сето ова како и анектирањето на Крим пред 6-7 години се сметаат за сплет на околности кои односите меѓу двете супер сили ги довело до амбис.
САД од денешниот состанок очекуват и посакуваат да видат подготвеност од Путин за стабилизирање и поголема предвидливост на односите во иднина.Рускиот претседател пак, на самитот доаѓа со очекувањето и убедувањето дека има ,,теми“ во светот на кои САД и Русија можат да соработуват заедно како контролата на нуклеарното вооружување , конфликтите во Либија и Сирија, климатските промени, за почеток сосема доволно, коментираат аналитичарите.
Украина иако толку посакувана тема за двајцата лидери, се очекува и двајцата вешто да ја избегнуваат на состанокот. Путин за да избегне вербален напад за кршење на човековите права дополнително, Бајден поради наводите за корупциски скандал во кој е осомничен неговиот син.
Но како врв на тој  почеток на враќање на довербата, ако е тоа воопшто можно, се очекува и двајцата претседатели да подадат рака барем во делот на враќање на дипломатите во амбасадите на двете земји. И оваа можност се очекува да е единственото нешто конкретно што ќе произлезе од состанокот.
американско-руска средба Владимир Путин Женева Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.