Премиерот Зоран Заев по завршувањето на последниот натпревар на македонската репрезентација упати честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија.
. Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација.
Благодарност до сите наши навивачи, покажавме што значат гордост и европски манири среде Европа. Европа знае, Европа виде – Македонија е тука, гласна, силна, на терен и на трибини. Еден тим, една држава, едно општество, напиша Заев.
Тој се заблагодари на УЕФА за одличната организација и за професионалниот однос кон нашата репрезентација.
Се вложивме сите во спортот, навивавме заедно, се исправивме против омразата. Покажавме заедништво и обединетост. Од сѐсрце упатувам честитки до сите македонски репрезентативци за радоста и гордоста што ни ја приредија. Нека пласманот на ова Европско првенство биде само почеток на многуте интернационални успеси, додаде Заев.