НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвен метео аларм од утре во југоисточниот регион

0
By НОВА ТВ Balaban on June 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тропските температури што ја заплиснаа и нашата земја утре и задутре ќе се зголемат – се прогнозираат и над 40 степени Целзиусови во некои делови, па во југоисточниот регион од земјата ќе биде прогласен и црвен метео аларм, предупредуваат од УХМР.  Од Агенцијата за храна и ветеринарство предупредуваат на зголемен ризик од труење со храна на овие горештини, да не се купува храна со оштетена амбалажа, но и дека не се само луѓето во опасност, туку и животните, кои, исто така, може да доживеат топлотен удар и сончаница. При високи температури, ризичен е и транспортот на животните.

– Топлата воздушна маса доаѓа од југот, од Африка, а под нејзино влијание времето и денеска и следните денови ќе биде многу топло – сончево со натпросечни температури за јуни.  Денес на целото подрачје  е во сила портокалова фаза, со опасност од високи температури, а утре и в петок ќе биде најтопло со температури и над 4о степени во јужно-вардарскиот регион, па ќе биде активиран и црвен метео аларм во овој регион. И в сабота уште ќе се задржи многу топло, до 40 степени, а в недела до 38 степени. Во следните денови ќе има и изолирана појава на дожд и грмежи  – вели Јулијана Фидановска Мишковска, дежурен синоптичар во Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР испратиле преупредување и до Министерството за здравство за црвениот метео аларм што ќе настапи од утре во делови од земјата, па се очекуваат нови препораки за заштита на здравјето на граѓаните во тие региони, како што се трудници и лица постари од 60 години да не одат на работа и други мерки.

Во врска со тоа кога може да очекуваме пад на температурите, барем за неколку степени, во УХМР со песиомистички одговор – во јужниот регион ниту наредниве денови температурите нема да се намалат ни до 35иот степен!

Одбегнувајте додатоци кои не стојат во ладилник!  

За да се спречи појава на труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзината набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за нејзино чување. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува граѓаните да купуваат храна од проверени места, каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди.

– Да не се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што се месото, млекото, јајцата и други производи, по пазарењето да не се чуваат долго време во автомобилите и во други транспортни средства. Да не се купува разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач – предупредуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во фрижидерите храната да се чува на температура пониска од 5 степени Целзиусови. Термичката обработка на храната да се врши на температура повисока од 60 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат.

Ако се јаде во угостителски објекти, да се води сметка тоа да се оператори со храна кои водат сметка за хигиената и безбедноста и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна да се одбегнува да се користат додатоци кои не стојат во ладилник како што се мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи и слично.

Исплашен поглед и тетеравење – знаци за топлотен удар кај животните 

Високите температури се стрес за животните и тој може да се манифестира со намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Високиот процент влага и недоволната вентилација во објектите може да биде причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаи доколку не се делува навреме. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата.

Забрзано и плитко дишење, несигурен од – (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода.

Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да биде постепено. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории.

Фармерите да внимаваат на густината на населеност во објектите. Животните да не се изложуваат директно на сонце, особено во најтоплите периоди од денот и за нив да се обезбедат натстрешници, или природни ладовини. Животните да се пуштат на пасење во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот, или животните да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски.

За сопствениците на домашни миленици совет животните да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и задолжително да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот.

(Љ.Б.)

 

Аларм АХВ животни Температури труење УХМР храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.