Во последните 24 часа од направени 2.302 тестирања за ковид-19, при што се регистрирани десет нови случаи во Македонија, три пациенти починаа, а 17 оздравеа, информираат од Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
По два нови случаја на коронавирусот се регистрирани во Скопје и Куманово, а по еден во Тетово, во Велес, во Кавадарци, во Охрид, во Свети Николе и во Крива Паланка. Регистрирани се 17 оздравени пациенти и тоа од Скопје – пет, од Куманово – четворица, од Прилеп – три, од Тетово – двајца и од Струмица, Кичево и Радовиш по еден.
Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка (76 год.), од Дебар (69 год.) и од Кичево (65 год.).
Министерството за здравство соопшти дека се направени вкупно 2.302 тестови преку ИЈЗ – 116, преку ЦЈЗ Скопје – 38, преку ЦЈЗ Битола – 60, преку ЦЈЗ Прилеп – 36, преку ЦЈЗ Тетово – 22, преку ЦЈЗ Куманово – 42, преку Судска медицина – 2, преку ГОБ „8 септември“ – 4, Институт за микробиологија – 18, преку МАНУ – 31, преку Клиника Жан Митрев (Филип Втори) – 70, преку „Авицена“ – 244, преку „Биотек“ – 136, преку „Систина“ – 90, преку лабораторија „Лаор“ – 173, преку „Синлаб“ – 21, преку „Ремедика“ – 19, преку „Плодност“ – 29, преку „Генеа“ – 3, преку „Никоб лаб“ – 322, преку ВФВ Медикал – 31, преку ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 795.
Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 68.651, активни – 89
Куманово – 8.882, активни – 32
Прилеп – 8.327, активни – 19
Тетово – 7.246, активни – 23
Битола – 6.304, активни – 6
Велес – 5.473, активни – 5
Гостивар – 5.181, активни – 7
Кавадарци – 5.154, активни – 1
Охрид – 5.019, активни – 17
Штип – 4.960, активни – 1
Струмица – 4.118, активни – 5
Струга – 2.981, активни – 1
Кочани – 2.792, активни – 1
Кичево – 2.593, активни – 14
Гевгелија – 2.195, активни – 1
Неготино – 2.184, активни – 0
Свети Николе – 1.524, активни – 1
Ресен – 1.234, активни – 0
Крива Паланка – 1.227, активни – 5
Радовиш – 1.161, активни – 1
Берово – 1.029, активни – 0
Делчево – 973, активни – 1
Дебар – 941, активни – 0
Виница – 886, активни – 4
Пробиштип – 789, активни – 0
Валандово – 666, активни – 0
Богданци – 494, активни – 0
Крушево – 490, активни – 1
Демир Хисар – 400, активни – 2
Демир Капија – 396, активни – 0
Кратово – 377, активни – 3
Македонски Брод – 359, активни – 1
Пехчево – 268, активни – 0
Македонска Каменица – 249, активни – 0
Дојран – 132, активни – 0