За неполни шест месеци Владата ги задолжи граѓаните за нови 287 милиони евра, алармира претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој на Фејсбук напиша дека буџетскиот дефицит за периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 изнесува 17,7 милијарди денари или 287 милиони евра, што според него е нов долг за Македонија и граѓаните.
„Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра. Од новиот долг што го направи Владата на Зоран Заев и СДСМ во капитални инвестиции потрошени се само една третина од парите. Каде исчезнаа останатите две третини од потрошените пари или околу 190 милиони евра?“, прашува Мицкоски.