Во Грција повеќе не е задолжително носењето на заштитни маски на јавните места на кои нема многу луѓе, одлучиле тамошните власти, прифаќајќи ги препораките на стручњаците за заразни болести.
Грчкиот министер за цивилна заштита и кризни ситуации Никос Харадалијас, објави дека од понеделник немало веќе да има ниту полициски час кој дотогаш го има и ќе го има само навечер во должина од три часа.
Оваа одлука е донесена порано од колку што било првично најавено пишува весникот ,,Катимерини“.
,,Нашето секојдневие драматично се менува на подобро“ изјавил Хардалијас.
Од понеделник мерките попуштаат и во угостителските објекти на плажите.Во баровите , кафиќите и рестораните на иста маса можат да седат десет луѓе а е дозволено во објектите да има 300 луѓе. На плажа од 1000 квадрати може да се најдат 120 луѓе.
,,Епидемискиот профил на земјата е задоволувачки.Можеме да правиме планови за лето, но и натаму не смееме да го спуштиме гардот“ изјавила Вана Папаевангелу, асистентка на Универзитетот за педијатрија во Атина, пренесува ,,Катимерини“.
Препораките за носење маски во затворен простор во Грција остануваат уште на сила. Последните 24 часа новорегистрирани заболени од Ковид 19 се 520 лица а починале 14.