НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Колку подобро нѝ биде дома, толку помали ќе бидат причините за надвор

0
By Sashko on June 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да си ја направиме нашата држава подобра и да обезбедиме еднакви шанси за младите да можат да напредуваат согласно своите способности, да има фер натпревар, повеќе меритократија, бидејќи колку повеќе ќе направиме да ни биде подобро дома, толку помали ќе бидат причините да се оди надвор, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на второто Младинско градско собрание, одржано во рамки на серијата виртуелни средби во организација на Американските катчиња.

Димитров со младите разговараше за придобивките од членството на земјава во ЕУ и одговараше на нивните прашања околу пристапниот процес. Тој, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на младите луѓе им порача дека отпочнувањето на пристапните преговори ќе ни даде надеж, но од исклучителна важност е институциите и младите да ги здружат силите за надминување на проблемите.

– Наше е да продолжиме да работиме, во принцип самото зачленување нема преку ноќ да не направи идеални. Пристапниот процес е процес на реформи и алатки за реформи, каде имаме машинерија од Брисел која не мониторира, ни помага. Имаме европски фондови кои ни помагаат да го подобриме квалитетот на живот. Многу е битно, бидејќи ова го правиме за нашите граѓани, за следните генерации – работата дома да не застанува, без разлика на политичките предизвици со нашите соседи од Бугарија. И токму тоа е идејата на „Агенда: Европа дома“ – на некој начин насловот тоа се обидува да го преслика – обезбедување на европски начин, европски стандард на живот дома, порача Димитров.

Како што информира СЕП, најголем интерес за разговор кај учесниците имаше за прашања поврзани со животната средина, билатералните прашања и нивно надминување, младинските политики и зголемениот тренд на иселување на младите.

Димитров потенцира дека иако членството во ЕУ нуди многу можности за младите за студирање, живеење и работење во земјите членки на Унијата, истовремено влијае и врз намалување на потребата да се оди надвор.

Тој им се заблагодари на младите за интересот да учествуваат во дискусијата и им порача да веруваат во себе и да продолжат да бидат активни во областите кои се од нивни интерес.

Покрај средношколци и студенти, на втората виртуелна средба на Младинското градско собрание се вклучија и претставници на младински граѓански организации од Скопје, Тетово и регионот на Штип. Целта на овие виртуелни средби е овозможување отворен разговор на теми поврзани со Европската Унија и процесот на пристапувањето на Северна Македонија.

ЕУ Македонија Никола Димитров Придобивки членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.