Девет нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Притоа се евидентирани и три починати лица, како и 13 оздравени пациенти.
Од новите случаи со ковид-19, според податоци од Министерството за здравство (МЗ), по три се забележани во Скопје и во Кичево, а во Битола, во Штип и во Дебар по еден.
Од 13-те оздравени пациенти, четворица се од Куманово, тројца од Скопје, двајца од Виница и по еден од Прилеп, од Тетово, од Штип и од Кичево.
Две од починатите лица се од Скопје на возраст од 86, односно 70 години и едно лице од Тетово на возраст од 65 години.
Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 233.
Дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 68.653, активни – 86
Куманово – 8.882, активни – 28
Прилеп – 8.327, активни – 18
Тетово – 7.246, активни – 21
Битола – 6.305, активни – 7
Велес – 5.473, активни – 5
Гостивар – 5.181, активни – 7
Кавадарци – 5.154, активни – 1
Охрид – 5.019, активни – 17
Штип – 4.961, активни – 1
Струмица – 4.118, активни – 5
Струга – 2.981, активни – 1
Кочани – 2.792, активни – 1
Кичево – 2.596, активни – 16
Гевгелија – 2.195, активни – 1
Неготино – 2.184, активни – 0
Свети Николе – 1.524, активни – 1
Ресен – 1.234, активни – 0
Крива Паланка – 1.227, активни – 5
Радовиш – 1.161, активни – 1
Берово – 1.029, активни – 0
Делчево – 973, активни – 1
Дебар – 942, активни – 1
Виница – 886, активни – 2
Пробиштип – 789, активни – 0
Валандово – 666, активни – 0
Богданци – 494, активни – 0
Крушево – 490, активни – 1
Демир Хисар – 400, активни – 2
Демир Капија – 396, активни – 0
Кратово – 377, активни – 3
Македонски Брод – 359, активни – 1
Пехчево – 268, активни – 0
Македонска Каменица – 249, активни – 0
Дојран – 132, активни – 0