НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот Заев ќе користи десет дена одмор

0
By Ivana on June 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври.

– Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен. Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер. Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, рече Заев на новинарско прашање на настан во скопската општина Ѓорче Петров.

Инаку според Заев, воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно.

-Еколошката такса се воведува во момент кога се укинува  акцизата од три денари што ја  донесовме за време на корона-кризата. Сега барел нафта е 596 долари, ако помине нафтата на берзите 600 долари, а се очекува да се случи деновиве, ќе се укинат и двата денари акциза, така што имаме едно компензирање со што акумулираме еден еколошки фонд, рече премиерот Заев.

Ако се донесе на почеток на јули, потсети, се  акумулираат 1,685 милијарди денари или за една година 3,330 милијарди денари, односно тоа се 55 милиони евра пари годишно само од оваа такса.  Дополнително, како што рече, ќе се слеваат средства во Еколошкиот фонд и преку проекти како што е оној најавен од Луксембур во Неготино за собирање на сметот при што сите приходи што ќе ги плаќаат комуналните претпријатија од 25 евра по тон за депонирање на сметот ќе одат во еколошкиот фонд, односно 14 милиони евра дополнителни средства.

-Убеден сум дека ваките работи што ги прави целиот свет, и навистина води грижа за граѓаните, за намалување на загаденоста на воздухот и севкупата заштита на животната средина и нашиот Парламент ќе го следи и иако се најавени блокади јас верувам дека врз основа на дебата ќе сфатиме сите колку е тоа драгоцено и важно, истакна Заев и Потсети дека секоја година има дебата во Скопје за загаденост на воздухот и како што рече,  да не зборуваме за се што треба да решиме од фабрики за  селекција на отпад, до фабрики за прочистување на отпадни води  и уште огромен број проекти ширум државата.

Заев одмор парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.