НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Нè избркаа како кучиња“, обвинуваат отпуштените работници од „Баргала“

0
By Sashko on June 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нè избркаа како кучиња, обвинуваат стотината вработени во штипска „Баргала“ кои пред неколку дена добија отказни решенија од компанијата со образложението дека го прекршиле работниот ред и дисциплина. Тие негираат такво нешто и сметаат дека неосновано им е прекинат работниот однос за што денеска и поднесоа приговори во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

– Ме пуштија дома и ми рекоа дека ќе бидам на повик. Наместо тоа, добив отказ бидејќи на 16 јуни не сум била на работа, а на 11-ти бев. Ова не е вака само сега, вака е секогаш, обвинува Македонка Данева која ја делат четири месеци до пензија.

Според ССМ, отказите во „Баргала“ се поделени на незаконски начин и од таму најавуваат дека со случајот во штипската фабрика за чевли ќе се позанимава и Јавното Обвинителство.

– Од страна на претпоставените на луѓето им било кажано да не доаѓаат на работа се додека не бидат повикани. Во конкретниот случај се работи за класична измама. Вчера поднесовме пријава до Државниот трудов инспекторат, а сега подготвувавме материјали да поднесеме пријава до Јавното обвинителство, нагласува Весна Кузманова Тодоровска.

Наум Барзов, менаџер на „Баргала“, вели дека отказите не се поврзани со протестот, а за ставот на синдикатот и на работниците не може да одговори, оти не ги знае деталите. Смета дека синдикатот не ја објаснил докрај правната постапка на работниците.

– Тие немаа најавено штрајк, туку организираа протест што е нивно законско право. Но, по протестот беа повикани да се вратат на работа. Работниците не го направија тоа и бидејќи три дена последователно не се јавија на работа, според Законот за работни односи им врачивме отказ, изјави Барзов за МИА.

Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ – Штип смета дека за овој случај мора да се смени и причината за отказ, бидејќи работниците вака ги губат сите права во случај на невработеност.

– Урнек во целата постапка треба да е пресудата на Основен суд – Штип, во која е наложено да се смени основот на отказот за една од двете работнички што пред неколку месеци добија отказ од „Баргала”, рече Ампева.

баргала Македонија откази работници Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.