Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе учествува на Преспа форум дијалот насловен „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна“. Преспа форум дијалог е платформа креирана од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на земјите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долгорочни односи и да ги зајакнуваат партнерствата.