Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рокер, е на билатерална средба со премиерот Зоран Заев, по која се очекува заедничка прес-конференција.
Високиот претставник на американската администрација на денешната дебата во рамки на „Преспа форумот“ ѝ упати забелешки на ЕУ, дека го изгубила кредобилитетот на Западниот Балкан и поради неодлучноста за деблокирање на процесот за евроинтеграции на РС Македонија и Албанија.
Рикер нагласи дека со таквата неконзистентност ЕУ им штети и на американските намери во овој дел на Европа.
Премиерот Заев во настапот на овој форум неколкупати го изнесе очекувањето за поддршка од страна на САД околу нашето интегрирање во ЕУ.
– Стабилни трансатлански односи САД-ЕУ ќе значат и стабилни односи и просперитет за Западен Балкан, изјави Заев.