Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Резолуција за преговорите со Бугарија: ВМРО-ДПМНЕ ја бара, СДСМ вели нема потреба

0
By Sashko on July 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 2, 2021 16:49

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара носење на Резолуција во македонското Собрание за преговорите со Бугарија, СДСМ, пак, одговори оти нема потреба од такво нешто. Според замисли на опозицијата, документот би бил обврзувачки за движење на владата во негови рамки при изнаоѓање на решение во спорот со источниот сосед и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава. Мотивите за таквиот потег, според лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се отсуството на црвени линии на власта во преговорите со Бугарија и тргување со јазикот и идентитетот.

– Во самата резолуција се содржани дефинициите и јавно, повторувам и јавно декларираните ставови на МАНУ, најстариот универзитет УКИМ и МПЦ ОА-Јустинијана Прима за јазикот и идентитетот. Она што го нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа што го дефинирале највисоките научни и општествени авторитети како заеднички државен и национален интерес“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Документот би предвидувал и водење на преговори врз рамноправна основа со почитување на меѓународното право, на автохтоноста на македонскиот народ и на неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет.

– Резолуцијата е документ од кој треба да произлезе национален консензус, брана за сите напади и обиди за манипулација и ќе биде заеднички став на Македонија за сите, повторувам за сите важни прашања. Не е доволно да се збори за црвените линии, овојпат тие треба да се бранат. А, тоа е наша должност“, додаде Мицкоски.

Набрзо по промоција на опозициската идеја, стигна одговор од владеачката партија во кој се нагласува оти нема потреба за такво нешто, бидејќи идентитетот и јазикот се меѓународни потврдени и признати.

– Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентитет, во јазикот кој го зборува, нема потреба да поднесува резолуции. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признати и нема потреба од било каква расправа за тие прашања, особено не во македонското собрание“ – соопштија од СДСМ.

Бугарија ВМРО-ДПМНЕ Македонија преговори резолуција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.