Александар Филиповски бара поддршка од СДСМ во трката за градоначалник на Аеродром на претстојните локални избори во Македонија. Вели оти има квалитетна програма на која работел во изминатиот период, а во насока на Општината да биде сервис на граѓаните во вистинска смисла.
– Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром.
Време е за нова енергија, заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром.
Подготвивме навистина квалитетна програма за наредните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации, напиша Филиповски на Фејсбук.