НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициските контроли на западнобалканската рута го ,,преполовија“ бројот на мигранти во ЕУ

0
By Mirjana on July 6, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соработката меѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија на планот на (не)пропустливоста на мигрантите од конфликтните подрачја на Блискиот и Средниот Исток, ги дава очекуваните резултати. Мешовитите контроли составени од припадници на полициите од земјите на таканаречената ,, Балканска рута“ меѓу кои е и Македонија, и од земјите на ЕУ ја оправда одлуката за нивно формирање. Имено, ако во претходните десет години ЕУ регистрирала 2,3 милиони илегални преминувања на нејзина територија, што во просек годишно значи околу 200.000 мигранти, последната година тој број изнесува 114.300 преминувања, главно од Авганистан.

Но, далеку од тоа дека ЕУ е заедница која само ги одвраќа мигрантите. Дека е така, говори и фондот за барателите на азил кој до 2027  е зголемен и изнесува фантастични 22,7  милијарди евра.Во претходното десетлетие, Унијата на програмата за азил потрошила околу 10 милијарди евра.

Моменталниот број во светот на ,, талкачките луѓе“ како што се нарекуваат мигрантите, изнесува околу 80 милиони. Исто толку човечки судбини и нереализирани сонови и планирања,мажи, жени и деца, нечесто го губат својот живот на некоја од маршрутите по копно и вода на патот до некоја од ,,ветените земји“. Бројот на ,,талкачките луѓе“ во светот изнесува колку вкупниот број на мажи, жени и деца во Германија, пресметале статистичарите. Децата во вкупната мигрантска популација во глобални рамки, претставуваат 40 одсто.

Мигрирањето секогаш не е поради вооружени конфликти, луѓето се решаваат на нелегални влегувања во одредени земји, поради разно-разни причини од прогонувања, војни, климатски непогоди до еколошки катастрофи. Економската причина за мигрирање не е меѓу приоритетните.

Земји со најголем број на бегалци на својата територија се Турција, Пакистан, Уганда, Судан и Германија. Само 14 одсто од земјите каде има бегалци,влегуваат во групата,,развиени“. 15 милиони луѓе свое прибежиште нашле во Турција, Сирија, Авганистан и Венецуела, додека 1,1 милион во Германија.

Интересно е што 38.000 луѓе успеале да ,,допливаат“ до Канарските острови, барајќи да заминат преку Океанот. На тој пат околу 4.000 илегални мигранти го загубиле животот во обид да го поминат Медитеранот.

Во моментов во фасциклите на ЕУ има 1,5 милиони барања за азил.

Мирјана Трпческа

ЕУ западнобалканска Мигранти преполовија“ рута
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.