НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорот на Хаити во САД: Егзекуторите на Моиз биле професионални платеници

0
By Sashko on July 8, 2021 СВЕТ
Фото: theguardian.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атентаторите на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз биле „професионални“ платеници кои се претставиле како американски агенти и кои можеби веќе ја напуштиле земјата, изјави амбасадорот на Хаити во САД, Бокит Едмонд. Според него, напаѓачите на приватната резиденцијата на претседателот Моиз се претставиле како припадници на Американската агенција против дрога (ДЕА), но нивното однесување не одговарало на тоа тврдење.

– Тоа бил добро организиран напад и станува збор за професионалци, рече амбасадорот пред новинарите и додаде дека има видео и оти мислат дека се платеници.

Тој додаде дека првата дама Мартин Моиз, која беше повредена во нападот, ќе биде пренесена во болница во Мајами на лекување. Според него, таа е во критична состојба. Телевизискиот канал Телесур претходно на Твитер соопшти дека сопругата на убиениот претседател на Хаити починала во болница од повредите.

Во тек е истрага за лоцирање на егзекуторите, кој е нивниот мотив и чии државјани се, рече амбасадорот, потврдувајќи ги претходните наводи дека напаѓачите меѓу себе зборувале шпански. Според него, убијците веќе ги напуштиле Хаити и најверојатно заминале во Доминиканската Република, земјата со која Хаити го дели островот Хиспањола.

– Не знаеме дали заминале или сè уште се тука. Ако не се во земјата, тие можат да ја поминат само копнената граница затоа што нема авиони, рече Едмонд.

Тој информира дека ако бил користен приватен авион, тоа ќе го забележало цивилното воздухопловство, додека напуштањето на земјата преку копнената граница може да мине незабележано.

амбасадор Жовенел Моиз напаѓачи Платеници претседател САД Свет убиство Хаити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.